АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА МАТЕЈ СТОИЛОВ ОД ДЕЛЧЕВО
Трансакциска сметка за донации:
240 1671025375 13
Уни Банка
ЗА СЕМЕЈСТВОТО СТОИЛОВИ
Ние сме скромно семејство од Делчево со слаба финансиска состојба. Јас Жикица Стоилова сум сопруга и мајка на две малолетни деца. Едното е бебенце а другото детенце (Матеј Стоилов) има десет години и е дете со посебни потреби. Матеј боледува од аутизам со мизојална темпорална склероза, интелегенција со процент од 49% метаболопатија и епилепсија. Дијагностицирано е оштетување на мозокот од левата страна кој има тенденција за проширување и кон десната страна. Како и момчето е со епилепсија. Јас и момчето сме невработени.
Сеуште не е утврдена точната дијагностика. Предуслов за да би можеле да ја подобриме психофизичката состојбата на Матеј е да добиеме целосно точна дијагностика. Ние сме сиромашно семејство со слаба финансиска состојба. Заедно со сопругот секојдневно се бориме со тешкотиите во кои сме опкружени. Квалитетот на нашиот живот е на многу ниско ниво, со потешкотии обезбедуваме храна. Секојдневно се соочуваме со трошоци за кои не сме во состојба да ги платиме а се поврзани со лекување, правење контролните снимки, часови со дефектолог, часови со логопед и многу други активности превземени во насока на подобрување на здравјето на Матеј.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ДОВЕРБАТА, И ЗА ВАШАТА СКРОМНА ДОНАЦИЈА~ семејство Стоилови