ЗА СЕМЕЈСТВОТО СТОИЛОВИ

Ние сме скромно семејство од Делчево со слаба финансиска состојба. Јас Жикица Стоилова сум сопруга и мајка на две малолетни деца. Едното е бебенце а другото детенце (Матеј Стоилов) има десет години и е дете со посебни потреби. Матеј боледува од аутизам со мизојална темпорална склероза, интелегенција со процент од 49% метаболопатија и епилепсија. Дијагностицирано е оштетување на мозокот од левата страна кој има тенденција за проширување и кон десната страна. Како и момчето е со епилепсија.  Јас и момчето сме невработени.

Сеуште не е утврдена точната дијагностика. Предуслов за да би можеле да ја подобриме психофизичката состојбата на Матеј е да добиеме целосно точна дијагностика. Ние сме сиромашно семејство со слаба финансиска состојба. Заедно со сопругот секојдневно се бориме со тешкотиите во кои сме опкружени. Квалитетот на нашиот живот е на многу ниско ниво, со потешкотии обезбедуваме храна. Секојдневно се соочуваме со трошоци за кои не сме во состојба да ги платиме а се поврзани со лекување, правење контролните снимки, часови со дефектолог, часови со логопед и многу други активности превземени во насока на подобрување на здравјето на Матеј.

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА НАШЕТО СЕМЕЈСТВО КОЕ Е ВО НЕПОВОЛНА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА

Ова барање за скормна материјална помош го упатуваме до сите роднини, другари, пријатели, познаници, како и до хумани компани кои сакаат да помогнат за да можеме да продолжиме со лекувањето со нашето детенце МАТЕЈ СТОИЛОВ од Делчево.

Во моментови живееме во социјален стан, за кои плаќаме месечн надомест по 1560 денари надополнети со трошоци за струја вода.

Матеј сеуште не е во состојба да може да комуницира. Матеј подоцна прооди, сеуште се храни со класирана храна и сеуште користи памперс.
Како родители настојуваме се што е во наша моќ, колку што можеме да помогнеме за да го подобриме неговото здравје и да го израснеме на добар пат, бидејки животот продолжува а после нас ќе нема кој да се грижи за него.

Скоро направивме операција на заби во Систина. Но, исто потребно е да се извршат дополнителни контролни снимки во Санте Плус Истанбул Турција.

Трансакциска сметка за донации:
‎‎240 1671025375 13
Уни Банка

Матеј прима секојдневна терапија која на месечно ниво не чини приближно 190 евра а терапијата е составена од следните лекови:
– GAMIBETAL 500mg compresse
– NOOTROP Piracetam
– ACUTIL FASFORO, advance
– KIDZ Omega 3 vitamin ACDE
– NEUROBION FORTE Dragees
– MAGNESOL 150
– VITAMIN C + ZN DIREKT
– B KOMPLEKS
– VITAMIN C
– ESPRIXO
– DEPAKIN Oral Cozelti 20%

ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ДОВЕРБАТА, И ЗА ВАШАТА СКРОМНА ДОНАЦИЈА

~ семејство Стоилови